Пет компании ќе градат 12 мали хидроцентрали

Bez autora
Jan 30 2011

Пет компании од земјава и странство на повеќе локации во Македонија ќе ги градат 12-те мали хидроцентрали. Претставниците на компаниите вчера потпишаа договор со министерот за економија, Фатмир Бесими што е дел од четвртиот јавен оглас за производство на електрична енергија од мали хидроелектрични централи. Договори за концесија за вода за производство на електрична енергија се потпишани со ЕМК Мали хидроелектрани за четири локации, Italian Macedonian Power Generation за четири локации, EL-TE Inzenering за две локации и по една локација имаат Хидро Еко Инженеринг и Nord Energy. Овие хидроцентрали предвидено е да имаат вкупна инсталирана моќ од 13,6 мегавати. Инвестицијата е вредна 23,5 милиони евра, а нивното годишно производство треба да изнесува 57 гигават-часови електрична енергија. Тој информираше дека овие договори во државната каса ќе се слеат над 100 милиони денари на име еднократен надоместок за концесија.

Пет компании ќе градат 12 мали хидроцентралиПет компании од земјава и странство на повеќе локации во Македонија ќе ги градат 12-те мали хидроцентрали.

Претставниците на компаниите вчера потпишаа договор со министерот за економија, Фатмир Бесими што е дел од четвртиот јавен оглас за производство на електрична енергија од мали хидроелектрични централи.

Договори за концесија за вода за производство на електрична енергија се потпишани со ЕМК Мали хидроелектрани за четири локации, Italian Macedonian Power Generation за четири локации, EL-TE Inzenering за две локации и по една локација имаат Хидро Еко Инженеринг и Nord Energy. Овие хидроцентрали предвидено е да имаат вкупна инсталирана моќ од 13,6 мегавати.

- Инвестицијата е вредна 23,5 милиони евра, а нивното годишно производство треба да изнесува 57 гигават-часови електрична енергија - вели Бесими.

Тој информираше дека овие договори во државната каса ќе се слеат над 100 милиони денари на име еднократен надоместок за концесија. Тоа значи дека заедно со претходно потпишаните 35 договори од првите три јавни огласи, сега вкупно има 47 договори за изградба на мали хидроцентрали со вкупна инсталирана моќ од 34,6 мегавати и годишно производство од 147 гигават-часови.

Бесими исто така кажа дека во наредните три години од потпишаните договори треба да се реализираат инвестиции во износ од 62 милиони евра, а во буџетот да се слеат 230 милиони денари.

- Министерството за економија до крајот на идниот месец ќе го објави и петтиот оглас за изградба на мали хидроцентрали на кој ќе бидат понудени нови 40 локации со вкупна инсталирана моќ од 30 мегават-часови - вели Бесими и додава дека се планира во иднина по три пати годишно да се објавува оглас за по 40 локации се додека не се исцрпат предвидените 400 локации за изградба на мали хидроцентрали.

Од досега поделените локации за изградба на мали хидроцентрали, за една локација се добиени сите неопходни дозволи за градба и се очекува таа да биде оперативна до крајот на јуни годинава.

Од ресорното министерство информираа дека до крајот на идниот месец треба да биде завршена постапката за добивање дозволи за градба за уште седум локации кои според најавата од инвеститорите, треба да бидат готови до крајот на годинава.

- За евентуалното доцнење на проектите, во договорите се предвидени санкции - од плаќање пенали до одземање на концесијата - укажува Бесими.

Владата инаку формираше координативно тело во кое има членови од сите институции кои можат да помогнат во издавањето на градежни дозволи за малите хидроцентрали.

Во земјава од малите хидроцентрали во 2009 година се произведени 168, а лани 249 гигават-часови електрична енергија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik